Чави влегол во соблекувална и им поставил само едно прашање на играчите

За да обезбеди сигурно место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, Барселона синоќа требаше да ја победи Бенфика, но, за жал на фановите на каталонскиот гигант, тоа не се случи. Дуелот на „Камп ноу“ заврши без голови, што ја остава Барселона на второто место на табелата, но со мали шанси да остане таму и по следното коло, во кое Каталонците ќе гостуваат кај Баерн Минхен, а Бенфика дома ќе игра против Динамо Киев.

Иако Барселона убедливо ги загуби трите последни средби од Баерн, новиот тренер Чави Ернандес е убеден дека во Минхен може да се случи чудо. Според шпанските медиуми, Чави пред денешниот тренинг кога влегол во соблекувалната на своите играчи, поставил само едно прашање.

„Постои ли тука некој што не верува дека можеме да го победиме Баерн во Минхен?“, прашал Чави, а потоа продолжил со својот говор. „Сè е до нас. Фудбалот секогаш ви дава нова шанса. Дадовте сè од себе, а со ваков пристап можете да играте со кого било“, рекол Чави, кој е полн со оптимизам и покрај синоќешното разочарувачко реми.

Дуелот меѓу Баерн Минхен и Барселона во последното коло од групната фаза ќе се игра на 8 декември, на „Алијанц арената“.

- Оглас -

Најнови вести