Чави за можниот трансфер на Ансу Фати во Реал: Се шегувате со мене, така?

Во Шпанија се појавиле гласини дека е можен сензационален трансфер на Ансу Фати од Барселона во Реал Мадрид, па на денешните прес-конференции на тренерите на овие два клуба, имаше прашања и на таа тема.

„Ансу Фати е млад играч со голем талент и светла иднина. Толку можам да кажам“ – рече Карло Анчелоти од Реал.

Потоа новинарите бараа коментар од Чави, а тој ја отфрли можноста за реализација на ваков трансфер.

„Се шегувате со мене, така? Бев многу јасен минатата недела во врска со Ансу, и навистина вакви шпекулации немаат никаков смисол. Ансу е важен играч за нас, дел од наследството на клубот, тој е сегашност и иднина на Барса“ – рече Чави.

Фати кој како наследник на Лионел Меси го носи дресот со бројот 10 во Барселона, во првото коло одигра само 11 минути, и подолго време се зборува дека тој е играч од чија продажба клубот може да реши дел од финансиските проблеми.

- Оглас -

Најнови вести