Чави Ернандес е првиот тренер по Пеп Гвардиола од 2011 година што успеал во една година трипати да се радува во Ел Класико. Интересно е дека Чави тоа го направи само за 80 дена, а до крајот на годината има уште повеќе од девет месеци, што значи дека стратегот на Барселона ќе има шанса да се израдува на уште некој триумф против Реал Мадрид.
Предводникот на Барселона сепак потенцира дека првенството уште не е завршено и сека неговите играчи мора да останат фокусирани.
„Имаме 12 бода предност, но првенството уште не е решено, Мора да продолжиме во ист ритам, но не може, а да не потенцирам дека сум задоволен затоа што минатата година ние заостанувавме 12 бода зад Реал“, вели Чави, кој имаше своја реакција околу ВАР-одлуката да се поништи погодокот на Асенсио, со кого Реал ќе поведеше со 2:1 пред крајот на дуелот.
„Голот на Реал беше офсајд и тука нема дискусија. Ме изненади изјавата на Анчелоти затоа што ако погодокот на Асенсио беше признанен, тоа немаше да биде фер резултат. Кога Кеси постигна гол, почувствував дека заслужено победивме затоа што беше подобар тим. Единственото нефер што беше на овој меч беше моментот кога тие поведоа со 0:1. Затоа го сакам ВАР-системот, затоа што со негова помош резултатите се вистински како што треба да бидат“, рече Чави.