Чавиманија ја тресе Барселона, а оптимизмот по најавата дека легендата Чави Ернандес ќе биде новиот тренер на клубот порасна до невидени граници.
Најголем оптимист е поранешниот претседател на шпанскиот гигант, Жоан Гаспар, кој типува дека Барселона сезонава ќе ги освои трите најважни шампионски круни.
Гаспар вели дека со Чави како кормилар Барселона ќе биде победник во Лигата на шампионите, а на „Камп ноу“, според него, ќе пристигнат и пехарите од Ла Лига и од Копа дел Реј.
„Доаѓањето на Чави ќе биде голем импулс за сите во Барселона. Оптимист сум и иако сега не изгледа така, верувам дека Барселона ќе ги освои сите три важни трофеи веќе оваа сезона“, вели Гаспар.
Тој беше прв човек на клубот од 2000 до 2003 година, а интересно е дека си замина во позиција кога Барселона беше само на два бода до испаѓање од шпанското првенство.