Чеферин: Додека јас сум претседател на УЕФА, нема да има финале на ЛШ во Саудиска Арабија

Претседателот на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин, изјави дека во брзо време нема да има финале на Лигата на шампионите во Саудиска Арабија.

„Тоа нема да се случи за време на мојот мандат, но јас нема вечно да бидам тука, па не можам да зборувам за во иднина по мојот мандат“, кажа Словенецот на еден бизнис-конгрес во германскиот Хамбург.

Во последните години, шпанскиот и италијанскиот Суперкуп ги играат во Саудиска Арабија, земја која е кандидат за домаќин на СП во фудбал во 2034 година. Чеферин смета дека саудиската лига не е опасност за Европа.

„Тие обично купуваат фудбалери кои веќе не можат да играат во Европа и им даваат премногу пари. Дали тоа е начин да се развиваат младите?“, праша првиот човек на УЕФА.

„Европските фанови прават две работи – ги следат своите тимови и националните тимови, ги гледаат првенствата, а не играчите“, смета Чеферин.

- Оглас -

Најнови вести