Чеферин: Финалето на ЛШ во Истанбул не беше совршено организирано

Финалето на Лигата на шампионите во 2022 година во Париз ќе остане запаметено како едно од полошите во организациска смисла, мечот помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул почна со задоцнување и хаос на влезовите на стадионот, а и годинава во Истанбул имало сериозни проблеми, но не од такви размери како во Париз.

Во 2022, навивачи заглавија во сообраќајот, беа ограбувани, прскани со солзавци, многумиина со билети не можеа да влезат на стадион.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, призна дека и годинава во Истанбул на Манчестер сити – Интер имало негативни појави. Има критики за транспортот до стадионот, многу фанови мораа по неколку километри да одат пешки, а фалела и вода за пиење внатре на стадионот.

„Свесни сме дека ни во Истанбул не беше совршено. Нема да ги намалам проблеми со кои се соочуваа фановите таму, но треба заеднички да равботиме на подобрување на она што може да се подобри. Мислам на конекциите до стадион, приемот на навивачите на стадион, пристап до тоалетите и вода за пиење“ – рече Чеферин.

- Оглас -

Најнови вести