Чеферин ја критикува инфраструктурата во Италија: стадионите ви се лоши!

Италијанската фудбалска федерација планира да поднесе кандидатура за домаќин на Европското првенство во 2032 година, а претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, ги спушти на земја, и им порача дека стадионите на Апенинскиот полуостров се проблематчни.

„Инфраструктурата во Италија е прилично лоша. Италијанците живеат за фудбалот, но стадионите се лоши како за фудбалска нација на нивно ниво. Ако Владата не интервенира, помогне и гарантира нови стадиони, ќе биде проблем“ – изјави Чеферин.

Последен голем фудбалски настан на кој Италија беше домаќин е Мундијалот во 1990 година. Многу од стадионите кои тогаш беа нови, сега се реконструирани, но некои се во лоша состојба. Лани во Рим се играа мечеви од едната група на ЕП, но за организација на европско треба повеќе убави и модерни стадиони.

 

- Оглас -

Најнови вести