Александер Чеферин повторно ја оживеа одличната идеја за европските репрезентации и првиот човек на УЕФА сака Бразил, Аргентина и дел од останатите селекции од Јужна Америка да играат во Лигата на нациите.
Во интервју за „Глобо“, Чеферин повторно нагласи дека тоа е одлича идеја и Европа сака фудбалски дуели со Јужна Америка.
„Знам дека ФИФА реагираше со најава за Светски првенства на секои две години, но тоа веќе не е опација, па ние сакаме Јужноамериканските селекции да играат со европските во Лигата на нациите. Би се вратил ривалитетот, би се играло почесто на два фудбалски најразвиени континенти и Лигата на нациите, но и репрезентациите би имале корист. Вака, според овој систем на натпревари, нема ниту пријателски дуели меѓу репрезентатциите од Европа и Јужна Америка, што не е добро ниту за едните, ниту за другите“, изјави Чеферин.
Од ФИФА најавија дека ќе се игра Светско првенство на секои две години, но потоа се откажаа од идејата, па можеби сега е вистинско време за реализација на планот на Чеферин и УЕФА и можни дуели на Македонија и останатите европски селекции со Бразил, Аргентина, Чиле, Уругвај, Еквадор, Колумбија… во Лигата на нациите.