Чеферин: Крахот на Суперлигата е настан кој ја одбележа 2021 година

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, смета дека победата на неговата организација против обидот за формирање на Суперлига во која би играле најбогатите клубови во Европа е фудбалски настан на годината.

„Откажувањето на Суперлигата поради огромни политички и осуди на народот ширум континентот беше наша најзначајна победа во 2021 година. Обидот за создавање на затворена Суперлига во април, чија цел беше само збогатување на банкарските сметки за неколку клубови, би ги загрозиле вредностите на кои се темели европскиот спортски модел и мисијата на УЕФА“, вели Чеферин.

Најбогатите клубови од Шпанија, Англија и Италија, со поддршка од американски инвеститори, сакаа да формираат Суперлига, но против беа германските клубови и ПСЖ, а и суперлигашите еден по еден почнаа да се повлекуваат од договорот.

- Оглас -

Најнови вести