Чеферин: Лигите ќе се доиграат, нема титули за моментните лидери

Откако по медиумите се појави информација дека постои можност УЕФА да ги прекине сите национални првенства поради Коронавирусот и дека шампиони ќе бидат тимовите кои се моментно први на табелата, претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александер Чеферин, негираше такво нешто.

Уште со одлуката да се одложи Европското првенство, со цел да може да завршат националните првенства, Лигата на шампионите и Лигата на Европа, јасно беше дека клубовите добија предност.

„Ги видов лажните вести дека УЕФА советувала првенствата да се прекинат и титулите да им припаднат на водечките тимови. Морам да ви кажам дека тоа не е вистина. Целта ни е лигите да завршат, не сме дале никакви препораки. Не можам да гарантирам дека првенствата ќе завршат до 30 јуни, иако тоа е наша желба. Но, не е фер поредокот на табелите, кој сега е актуелен, да биде официјализиран за конечен“, вели Чеферин.

- Оглас -

Најнови вести