Чеферин најави дека финалето во Лигата на шампионите во блиска иднина ќе се игра и во САД

Претседателот на Европската фудбалска федерација, Александер Чеферин, навести дека во блиска иднина финалето во Лигата на шампионите би можело да се игра во САД.

„Да се играат натпревари од Лигата на шампионите во САД? Можно е, веќе почнавме да разговараме на таа тема“, изјави Чеферин.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1650869961106104322?s=20

Како можен термин кога финалето на ЛШ би се играло во САД се споменува 2026 година. Оваа година, финалето во елитното европско клупско натпреварување ќе се игра во Истанбул, идната година во Лондон на „Вембли“, а во 2025 година, завршната битка за „клемпавкото“, ќе биде во Минхен на „Алијанц арената“.

„Знаеме дека финалето во ЛШ во 2025 година ќе се игра во Минхен, а за понтаму – ќе видиме“, додаде Чеферин.

- Оглас -

Најнови вести