Чеферин најави фудбалски земјотрес, од 2024 година да има фајнлфор во Лигата на шампионите

Големи промени во системот за натпреварување во Лигата на шампионите најави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин. Првиот човек на европската куќа на фудбалот најави можност од 2024 година завршницата во ЛШ да се игра како во кошаркарската Евролига или ракометната ЛШ, со четири тима во еден град.

„Ситуацијата со корона-вирусот придонесе минатата сезона да ја завршиме со финален турнир со осум тима, од четвртфинале до финале се играше само по еден меч, и тоа испадна одлично. Сепак, премногу е осум тима да влезат во завршницата. Размислуваме за промена на форматот на завршницата и четирите најдобри да играат фајнал-фор. Тоа бил празник на фудбалот и празник за навивачите“, изјави Чеферин.

- Оглас -

Најнови вести