На денешниот Конгрес на УЕФА, првиот човек на европската куќа на фудбалот, Александер Чеферин, рече дека се чувствува предаден од 12-те клубови кои објавија формирање на европска Суперлига и повторно кои би биле консеквенциите ако тие ја напуштат УЕФА и си формираат свое клупско натпреварување во кое важни ќе бидат само парите.
„За некои клубови, навивачите станаа консументи, муштерии, а натпреварувањата производи. Себичноста ја менува солидарноста. Парите станаа поважни од славата, желбата за пари поважна од лојалноста, дивидендите ставени пред пасијата. Фудбалот не е нечија сопственост, тој им припаѓа на сите, тој е дел од нашето наследство“, рече Чеферин во дел од договорот.
„Големите денешни клубови не значи дека биле големи и во минатото и нема гаранција дека тие ќе останат големи и во иднина. Фудбалот е динамичен и непредвидлив. Тоа што станале големи европски клубови, делумно е благодарение на УЕФА. Во натпреварувањата на УЕФА ни требаат приказни како таа на Аталанта, Селтик, Ренџерс, Галатасарај. Ни требаат такви клубови, луѓето треба да знаат дека ништо не е невозможно. Сите имаат шанса да победат“, вели Чеферин.