Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, периодов е активен и учествува на низа семинари, чија цел е промоција и зацврстување на позицијата на фудбалот во Европа. Новинарите имаат многу прашања за него, но едно од нив беше и кој е фаворитот на претседателот на УЕФА за најдобар фудбалер во моментов.
Одговорот на Чеферин ги изненади сите.
„Нуно Мендеш во моментов е најдобриот фудбалер на светот. Тој е фантастичен, но неговата позиција не е толку ценета и тоа го кочи. Тоа што го прави Португалецот е фантастично. Мислам дека е најголемиот промотор на Португалија во светот. Никогаш немам видено толку да е натпреварувачки настроен. Не сака да застане, сака секогаш да се натпреварува“, рече Чеферин на големо изненадување на присутните.
Дваесет и тригодишниот лев бек на ПСЖ во Париз пристигна од Спортинг Лисабон во 2021 година, а во моментов вреди 70 милиони евра. Договорот на Мендеш со Светците е со важност до 2029 година.