Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, планира измени во Статутот на Европската фудбалска федерација, со кои би му се дозволило да остане прв човек и во четврти мандат, од 2027 до 2031 година.
Во моментов, дозволено е еден ист човек да биде претседател на УЕФА најмногу 12 години (три мандати по четири години). Чеферин оваа функција да извршува од 2016 година, кога го наследи Мишел Платини, а 56-годишниот словенечки адвокат беше реизбран во 2019 и 2023 година, па во 2027 треба да си замине.
Но, на 2 декември, на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА биле претставени амандмани за измени на Статутот, со кои периодот пред јули 2017 година нема да му се бројат на Чеферин дека бил на чело на организацијата.
Во февруари 2024 треба да има гласање за ова од страна на сите 55 земји членки на УЕФА, а за ова прашање има различни мислења и интересно ќе биде да се види дали Чеферин со помош на соработниците ќе ги издрибла законите за да биде претседател до 2031 година.