Александар Чеферин едногласно е реизбран за претседател на УЕФА на конгресот во Лисабон. Словенецот веднаш ја искористи приликата и жестоко ги нападна Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, кои се залагаат за формирање на Суперлига.
„Тие коишто се залагаат за тој проект говорат дека сакаат да го спасат фудбалот, но тие се лик од ‘Црвенкапа’. Волкот, кој е маскиран во добра бабичка и сака да изеде сè. Кого мислеа дека ќе го прелажат? Не успеаја никого да го излажат“, па продолжи:
„Тие се картел кој сака да се постави над фудбалската демократија, а во фудбалот нема место за картели. Ним парите им се пред сè и над сè, поважни им се и од трофејот на нивното затворено натпреварување кое го замислија, но фудбалот им припаѓа на сите, а не само ним.“