26.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Чеферин се огласи пред мечот Србија – Албанија: Треба да се ослободиме од тие идиоти

Возбудувања на репрезентативен план завршија за септември и сега фокусот повторно ќе биде ставен на клупскиот фудбал. Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александер Чеферин, се огласи во пресрет на мечот кој на 11 октомври ќе се игра во Белград, меѓу Србија и Албанија, во рамките од квалификациите за Светско првенство 2026.

Првиот човек на УЕФА порача дека таа средба мора да помине во мирна, фер и коректна атмосфера. Албанија и Србија летово веќе играа во Тирана, а дуелот заврши без голови. На тој меч имаше неколку прекини и навреди од страна на домашните навивачи. Сега Чеферин се надева дека тоа нема да се повтори и во Белград.

„Мојата порака, не само за овој меч, туку за сите е дека фудбалот и спортот треба да ги обединуваат луѓето, а не да ги раздвојуваат. Треба да се ослободиме од тие идиоти кои го користат фудбалот за свои апсурдни идеи. Тие не го сакаат фудбалот, се сакаат само себе и го користат фудбалот да шират бесмислени идеи“, рече Чеферин, кој е во Тирана на состанок на Извршниот одбор на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести