Чеферин: Суперлигата е невозможно да заживее без англиските екипи

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, смета дека проектот Европска суперлига е невозможно да заживее без англиските екипи и е сигурен дека традиционалниот систем на натпреварување е безбеден во блиска иднина.

„Нема шанси да се игра Суперлигата без англиските екипите. Исто е и со Германците. Кога Баерн или Борусија би сакале да бидат дел од тој проект, луѓето ќе излезат на улиците, токму како што направија англиските навивачи. Франција исто така е против, а во Шпанија дури 18 од вкупно 20 екипи во Ла Лига се против овој проект“, вели Чеферин.

Првиот човек на УЕФА откри и дека Манчестер сити и Челзи најмногу влијаеле на одлуката сите англиски екипи да се повлечат од Суперлигата.

„Манчестер сити и Челзи многу се двоумеја, еден од сопствениците ме повика и ми рече дека и понатаму би сакале да бидат пријатели со УЕФА. Ми предложи да бидат пријатели внатре во Суперлигата, но тоа ме налути и му реков: Гони се, од утре сме непријатели и не сакам повеќе да разговараме“, рече Чеферин во разговорот со поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Гери Невил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести