25.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Чеферин за барањата и Израел да биде исклучен како Русија: Јас сум против забрани за спортистите

Во интервју за емисија на ТВ Словенија, претседателот на УЕФА, Словенецот Александар Чеферин, коментираше за некои прашања во фудбалот.

Во врска со прашањето зошто Израел, за разлика од Русија, може да се натпреварува во натпреварувања под покровителство на УЕФА, тој рече дека самиот тој во принцип не е застапник на забраната за натпреварување на спортистите.

На прашањето зошто УЕФА има различни политики во однос на Русија и Израел, Чеферин одговори дека тоа е легитимно прашање.

„Во принцип, не сум за тоа да не им се дозволи на спортистите да се натпреваруваат. Во случајот со Русија, гледаме дека спортистите не се натпреваруваат три и пол години, а војната е уште полоша отколку што беше. Знам дека многумина се противници на режимот, но сепак не можат да играат… Но, тука спортот е многу испреплетен со политиката и политиката е многу вмешана тука. Многу ми е тешко да коментирам што би можело да се случи со Израел. Во принцип, мислам дека сите спортисти треба да имаат можност да се натпреваруваат и дека работите треба да се решат поинаку“, рече Чеферин.

На Чеферин не му се допаѓа неодамнешниот протест на словенечката одбојкарска репрезентација која не се ракуваше со израелската репрезентација по квалификацискиот натпревар за Европското првенство

Според Чеферин, луѓето се презаситени од фудбал, па и Светското клупско првенство е нешто што веќе им става премногу товар на играчите бидејќи се одржува по сезоната и играчите практично останаа без одмор.

Тој го пофали и трансферот на Бенјамин Шешко во Манчестер јунајтед.

„Шешко е сигурно еден од најголемите фудбалски таленти во светот. Многу е важно за словенечкиот фудбал што се пресели во толку голем клуб“, заклучи претседателот на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести