Чеферин: За бројот на мечеви во сезоната се жалат само клубовите кои имаат најмногу играчи и даваат најголеми плати

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин има свое размислување по реакциите од неколку водечки клубови и играчи во Европа, дека фудбалскиот распоред е презафатен. Чеферин е реален и вели дека бројот на натпревари го достигнал својот максимален лимит, но нагласи и дека на ова се жалат само најбогатите клубови кои имаат најмногу играчи на високо ниво.

„Мораме да признаеме дека распоредот на натпревари ја достигна максималната граница. Сепак, влијанието не е исто. Некои клубови имаат голем обем на работа, но голем број други имаат повеќе од доволно капацитет да живеат удобно. За екипите со најголеми проблеми нема простор за повеќе натпревари. Кои се тие што се жалат? Оние кои имаат највисоки плати и имаат 25 играчи од врвно ниво. Тие што добиваат помалку пари и едвај имаат 11 играчи не се жалат и сакаат да играат“, изјави Чеферин на состанокот на Европската клупска асоцијација.

- Оглас -

Најнови вести