Чех купи речиси една третина од акциите во Вест хем

Чешкиот милијардер Даниел Кретински официјално купи 27 проценти од акциите на англискиот премиерлигаш Вест хем. Клубот потврди дека Кретински и неговиот соработник и бизнис-партнер Павел Хорски ќе станат дел од бордот на директорите на Чеканите, заедно со другите двајца сопственици, Дејвид Голд и Дејвид Саливен, како и потпретседателот Карен Брејди.

Кретински е сопственик и на чешкиот трофеен клуб Спарта Прага.

- Оглас -

Најнови вести