Со два гола на Соучек и еден на Хусбауер, екипата на Славија Прага на гости го победи Спартак Трнава со 3-0 и го освои Суперкупот на Чехословачка. Иако Чехословачка веќе не постои како држава, и одамна се подели на Чешка и Словачка, тимовите од овие две земји играат суперкуп. Денеска Чесите беа многу подобри од соседите. За Славија ова е трети трофеј, откако ги освои и првенството и куп на Чешка.
Суперкуп се играше и во Русија. Освојувач на пехарот е Локомотив Москва, кој со 3-2 го победи Зенит. За Локо, ова е трети суперкуп пехар, а за сите играчи кои настапија, е прв ваков трофеј. Головите за московскиот тим ги постигнаа Смолов и Миранчук (прогласен за играч на мечот) два, а двоен стрелец за Зенит беше Иранецот Азмун.