Чекаа 12 години победа на СП, па експлодираа: тотална лудница на плоштадот во Мелбурн (Видео)

Австралија го победи Тунис со 1-0, и ова е прв триумф за Сокеросите на фудбалски Мундијал по пауза од 12 години. Во 2010 година, со 2-1 ја победија Србија.

Во третото коло Австралија игра со Данска, и можеби ќе им биде доволно и реми за пласман во осминафиналето. Тунис кој многу подобро одигра во првото коло против Данска отколку денеска, по шести пат учествува на СП, и никогаш не ја минал групната фаза.

Голот на Мичел Дјук кој ја најави победата, донесе огромна радост во земјата на кенгурите. Погледнете како се славеше погодокот на Дјук на плоштадот во Мелбурн:

- Оглас -

Најнови вести