Белгиецот Арон Исека Леја е голем херој на Мец, а со голот во 90. минута против Лион му донесе победа на својот тим, прва по 24 години на теренот на ривалот.
Леја искористи брз контранапад на гостите и погоди во самиот финиш, со што прекина две серии. Едната беше црна за Мец, тим кој немаше победа во Лион на гостувањата кај 7-кратниот француски првак од 1997 година, а му ја прекина и импресивната серија на ривалот од 16 меча без пораз.
Лион претходно постигна гол во 74. минута, но Екамби беше во офсајд па погодокот беше поништен. Казната за домаќините стаса во последните моменти и сега Лион засотанува за два бода зад ПСЖ и Лил во трката за титулата во Франција.
Голот на Лека за прва победа на Мец на гостувањата во Лион во 21 век можете да го погледнете ОВДЕ.