Чекаа деценија и пол за камбек во Ла Лига, сега си редат сензации против Кралот

Кадис испадна многу незгоден ривал за Реал Мадрид, откако лани се врати во Ла Лига по 14 години пауза.

Вечерва повторно како гости го изненадија Кралот од Мадрид со реми без голови на храмот на фудбалот, на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал напаѓаше постојано, имаше неверојатни 82 отсто посед на топката, но не ја затресе мрежата на Ледесма, иако домаќините упатија дури 34 удари кон голот на Кадис, од кои осум беа во рамките на голот.

Кадис немаше ниту еден шут кон Куртоа, но си освои голем бод. И лани во првата сезона во Ла Лига, по 2006 година направија големо изненадување и тогаш на „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид го победија Реал со 1:0.

Кралскиот клуб и со реми без голови остана лидер на табелата со 43 бода од 18 одиграни натпревари, пред Севилја со 37, но од 17 меча.

- Оглас -

Најнови вести