Чекајќи го Руни, Дерби си победува

Дерби каунти му понуди на Вејн Руни да се врати во Англија и да има двојна улога во клубот, кој има амбиции да се пласира во Премиерлигата.

Руни би требало да биде и играч и тренер на еден од најстарите клубови во Англија, во обид да се стаса во елитата. Според замислата на менаџментот на Дерби, сегашниот играч на Д.Ц јунајтед во МЛС лигата во САД, би играл за нивниот клуб и би му помагал на Филип Коку.

Коку потпиша четиригодишен договор со Дерби, откако по поразот во бараж финалето од Астон Вила, Франк Лампард си замина и се пресели во Челси.

Руни би го печел тренерскиот занает покрај Коку и би бил големо засилување на терените во Чемпионшип за Дерби, клуб кој вечерва почна победнички во атакот на позиции кои гарантираат пласман во Премиерлигата. Го победија Хадерсфилд на гости со 2:1, со двата гола на Том Лоренс.

- Оглас -

Најнови вести