Чеканите конечно ќе дадат гол, Меси, Нејмар и Мбапе ќе ја полнат и мрежата на Монако

1008 Астон Вила – Вест Хем (Англија, Премиер лига, 15 часот)

Изненадувачки Вест Хем е единствената екипа во Премиер лигата без освоен бод и постигнат гол по првите три кола.

За екипа што има играчи од калибарот на Антонио, Боувен, Скамака, Бенрама, Соучек… тоа е мизерен ефект и биланс.

Ниту Астон Вила не е на ниво на амбициите, со старт во Премиер лигата со една победа и два порази.

Иако е сам почеток на првенството, ова е многу важен меч за двете екипи, кои имаат одлични напаѓачи, но не даваат голови.

Квалитетот на Антонио, Боувен, Скамака… кај Вест Хем и на Воткинс, Ингс, Буендија… кај Астон Вила ветуваат барем по еден погодок во двете мрежи, а таква е и традицијата во последните пет меѓусебни дуели.

Предлог тип: ГГ (1.67)

 

1306 Хетафе – Вилјареал (Шпанија, Ла Лига, 17.30 часот)

Хетафе со години важи за еден од клубовите што игра цврст фудбал на малку голови, а и сезонава ја почна со скромна офанзива и само еден погодок во два меча.

Вилјареал е единствениот тим со Атлетик Билбао што не примиле гол во првите две кола во Ла Лига.

Жолтата подморница има одличен среден ред и офанзива и е во топ-серија од 13 меча без пораз, сметајќи ги сите натпревари од мај навака.

За Хетафе тие се и меѓу најнезгодните ривали во последно време и дури на шест меча по ред го победуваа тимот од Мадрид.

Во серијата успеси во меѓусебните дуели имаат и едно реми, односно се без пораз од Хетафе на 7 меча по ред.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.54)

 

1809 Вердер – Ајнтрахт Франкфурт (Германија, Бундеслига, 17.30 часот)

Колку може да значи еден играч за фудбалски тим најдобро покажува примерот на Ајнтрахт и Филип Костиќ.

Орлите го продадоа својот најдобар играч на Јувентус и некако како да се загуби и магијата во тимот кој во ланската сезона беше голем хит и го освои пехарот во Европа Лигата.

Србинот му даваше дух, квалитет и ритам на тимот, кој се уште има одличен квалитет и без Костиќ, но не игра добро.

По три кола во германското првенство Ајнтрахт нема ниту една победа, освои само два бода и прими дури 8 гола.

Вердер е во сосема спротивен ритам, игра одлично и е без пораз во првите три кола во Бундеслигата.

Победата до која стасаа на чудесен начин во Дортмунд против Борусија минатиот викенд предизвика еуфорија во Бремен, па четирикратниот германски шампион ќе го нападне учесникот во Лигата на шампионите и очекуваме одличен меч со многу голови.

Предлог тип: ГГ прво/второ (1.86)

 

3010 Фиорентина – Наполи (Италија, Серија А, 20.45 часот)

Наполи е машина за голови и даде дури 9 на стартните два меча во Серија А.

Квича Кварацхелија одлично се вклопи во тимот, откако летово дојде од Динамо Батуми и тој е изненадувањето на стартот од новата сезона во Калчото.

Грузиецот даде три гола и е водечки стрелец во Серија А и некако набрзина го истисна Елиф Елмас од комбинација за првиот тим, па нашиот репрезентативец му е резерва на стартот од новата сезона.

Сепак тоа не е проблем за Наполи. Тимот има многу екстра-квалитетни играчи и хармонија меѓу фудбалерите што му дава и улога на еден од главните фаворити во првенството.

Фиорентина е незгоден тим на домашен терен и на „Артемио Франки“ тешко се победува.

Интересно е што тоа не важи за Наполи, тим што победуваше на последните три гостувања во Фиренца и тоа на дуели со многу голови, а таков очекуваме и денеска.

Предлог тип: ГГ прво/второ (1.99)

 

1710 ПСЖ – Монако (Франција, Лига 1, 20.45 часот)

Парижани изгледаат многу моќно на стартот од новата сезона и во Франција се без конкуренција.

Триото Меси-Нејмар-Мбапе си поигрува со ривалите и заедно постигнаа 12 гола во 3 кола и се на првите три места на листата со најдобри стрелци.

Заедно имаат и 8 асистенции што покажува дека и тие и тимот немаат сериозна конкуренција во Лига 1.

Монако има скромен старт со по една победа, реми и пораз, а според квалитетот нападот со Бен Једер, Емболо, Камара… може да постигне барем еден гол против ПСЖ.

Останатото за ГГ&4+ можат сами да го исполнат Меси, Нејмар и Мбапе.

Предлог тип: ГГ&4+ (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести