Чеканите го треснаа Евертон, па навивачите на Вест Хем му пееја на Лампард: Утре ќе бидеш отпуштен! (Видео)

Френк Лампард својата професионална играчка кариера ја започна во Вест Хем, а денеска тој како тренер на Евертон, загуби од Вест Хем и тој пораз веројатно ќе значи крај на неговиот престој во клубот од Ливерпул.

Пред мечот се најавуваше дека ако загуби Евертон кој сега е претпоследен на табелата во Премиер лигата, Лампард ќе биде сменет, па сега останува дилемата само дали отказот ќе го добие уште вечерва, или утре.

По водството од 2-0, фановите на Вест Хем покажуваа накај 44-годишниот Лампард и пееја песна со интересен текст: „Ќе бидеш избркан утре изутрина!“.

Лампард веројатно заврши со Евертон, но некои аналитичари се сомневаат дека нов тренер може да ја смени ситуацијата на подобро.

Ова е голот на Боуен за 2-0, со кој се најави триумфот на Чеканите:

- Оглас -

Најнови вести