Со победата од 2-0 против Лестер, екипата на Вест Хем речиси си обезбеди опстанок во Премиер лигата, со оглед на тоа дека е на 15 бодови од опасната зона, а на Лисиците ќе им биде тешко да останат во англиската елита.
За Чеканите ова беше втора победа по ред без примен гол, откако во минатото коло го изненадија Арсенал. Првиот гол за лондонскиот тим вечерва го постигна Томаш Соучек, кој денеска наполни 30 години. Чехот стана прв играч по Теди Шерингам од 1994 и 1995 кој во две различни години дал гол во Премиер лигата на својот роденден.
Од друга страна, Лестер има дури 11 порази на последните 12 меча, и претпоследни се на табелата. Откако Руд Ван Нистелрој им стана менаџер, освоија само 7 бодови на 14 меча. Лестер го победуваше Вест Хем во претходните три дуели, но не и вечерва, јасно е дека се во криза, четири кола по ред Лисиците немаат дадено гол.