Барселона нема дерман од Реал Мадрид во последните две години, пак ќе остане без победа

3031 Аталанта – Венеција (Копа Италија, 17.30 часот)

Аталанта и Венеција пред месец и пол повторно играа меѓу себе по пауза од 17 години и Ла Деа ги декласира новите прволигаши со 4:0.

И сега во осминафиналето на Копа Италија екипата на Аталанта е голем фаворит за пласман понатаму, а победникот од овој дуел ќе игра за четвртфинале со подобриот од мечот меѓу Наполи и Фиорентина.

Аталанта испадна од Лигата на шампионите по првата фаза, што е разочарувачки исход за италијанскиот фудбалски хит, но продолжува во Лигата на Европа и на три фронта.

На едниот од нив, во Купот на Италија ќе оди понатаму, но типуваме и дека ќе прими гол од Венеција.

Предлог тип: 1&ГГ (3.00)

 

1324 Барселона – Реал Мадрид (Суперкуп, Шпанија, 20 часот)

Повеќе од две години Барселона нема победа против Реал Мадрид во популарното Ел Класико.

Кралскиот клуб доминира во овој циклус од пет меча и има четири победи и едно реми, а и сега е во подобра форма и е фаворит во првото полуфинале во шпанскиот Суперкуп.

Мечот ќе се игра на неутрален терен во Саудиска Арабија, во главниот град Ријад, а се очекува спектакл во меч што сепак не е во топ-ранг натпреварување.

Барса има повеќе кадровски проблеми од Реал, а екипата од Мадрид е и во подобра форма, па ќе типуваме дека ќе продолжи серијата на Кралскиот клуб без пораз, со голови во двете мрежи.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.07)

 

1002 Вест хем – Норвич (Премиер лига, Англија, 20.45 часот)

Вест хем по долг период е кандидат за пласман во Топ-5, а Чеканите се надеваат на поволен расплет во првенството и настап во Лигата на шампионите.

Лани за два бода им побегна четвртото место, кое е цел и во оваа сезона. Засега избраниците на Дејвид Мојс одлично се држат и се на петтата позиција.

Норвич е интересна екипа што често влегува во Премиер лигата и експресно испаѓа во последните десеттина години.

Популарните Канаринци и сега се најзагрозени во најсилната англиска лига и се последни само со 10 бода од 19 натпревари.

Имаат серија од пет порази по ред и дури седумпати не победија во низа, па се очекува нов неуспех против одличната екипа на Вест хем.

Предлог тип: 1&Т1 2+ (1.48)

 

1092 Тотенхем – Челзи (Карабао куп, Англија, 20.45)

Челзи рутински го победи Тотенхем во првото полуфинале во Карабао купот и е фаворит за пласман во финалето.

Европскиот првак ќе има кус пат до новиот стадион на Тотенхем бидејќи и двете екипи се од Лондон, а на реваншот ќе одат со предност од 2:0.

Проблем за Спарс е што нема да игра Хеунг-мин Сон, а неизвесен е и настапот на Бергвајн и на Ромеро.

Челзи ќе настапи во реваншот без голманот Менди, потоа и без Џејмс и Чилвел и веројатно и без Канте и Силва.

Гостите се во покомотна ситуација со одличен резултат, што е најава дека и Тотенхем ќе мора да нападне за подвиг, па наш избор е дека ќе се тресат мрежите на двата тима.

Предлог тип: ГГ (1.67)

 

3040 Интер – Јувентус (Суперкуп, Италија, 21 часот)

Интер има предност да го игра мечот за пехарот во италијанскиот Суперкуп на домашен терен на „Џузепе Меаца“, а има и многу помали кадровски проблеми од Старата дама.

Јувентус ќе игра без Бонучи, Квадрадо, Алекс Сандро, Данило, поради парни жолти картони остана и без Де Лихт, а нема да брани Шченсни.

Интер е комплетен и е фаворит според коефициентите, но го нема победено Јувентус на последните четири меѓусебни дуели.

Ваквите мечеви се играат на инспирација, влогот е трофеј што се брои, па можеби најдобра варијанта е да се одигра на голови.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.91)

 

- Оглас -

Најнови вести