Чеканите пак удрија силно, остануваат во игра за ЛШ (Видео)

Мајкл Антонио се врати на терен на брилијантен начин со два победнички гола за Вест хем против Барнли и популарните Чекани останаа во битка за настап во Лигата на шампионите.

Мечот почна лошо за гостите и Крис Вуд од пенал во 19-тата минута му донесе предност на домашниот тим, но радоста траеше кусо.

Антонио израмни само 120 секунди подоцна, а потоа повторно погоди во 29-тата минута за комплетен пресврт, што го режираше само за 10 минути.

https://twitter.com/Yeshwajoe/status/1389308162831011846?s=20

Потоа немаше голови, а гостите го задржаа приклучокот со Лестер и Челзи, кои им се главни конкуренти за уште две места во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/Yeshwajoe/status/1389307590593716224?s=20

Вест хем е петти со 58 бода, три помалку од Челзи и пет од Лестер на четири кола до крајот на Премиер лигата. Манчестер сити и Манчестер јунајтед се речиси сигурни за настап во Лигата на шампионите на првото и второто место во финишот на најсилната англиска лига.

- Оглас -

Најнови вести