Чекаше 85 меча за да даде прв гол, и постигна погодок со пета (Видео)

Атлетик Билбао го победи Бетис со 1-0 во интересен меч од шпанската лига кој беше одлучен со убав гол со пета. Стрелец беше Ињиго Мартинес кој дури на 85-тиот меч во дресот на Атлетик, го даде својот прв гол. Пред тоа, баскиецот беше во Реал Сосиедад, а таму даде 17 гола на 238 настапи.

Бетис имаше прилика за првпат да замине непоразен од новиот „Сан Мамес“, но во 86-та минута, Серхио Каналес, не реализираше пенал. За Каналес, ова е прв утнат пенал во кариерата, откако ги погоди првите пет.

Ова е единствениот гол на средбата:

- Оглас -

Најнови вести