Чекаше две години за да даде гол, вечерва блесна со ножички што се ремек-дело (Видео)

Георгиј Џикија постигна страшно атрактивен гол со ножички, втор за Русија на мечот со Словенија, а потегот му беше вистинско ремек-дело. Играчот на Спартак Москва успеа да си направи простор и преку себе да ја затресе мрежата на Јан Облак.

Голот постигнат во 32-рата минута на стоперот на Русија можете да го погледнете ОВДЕ.

Џикија ретко дава голови, последен пат на официјален меч беше стрелец во ноември 2019 година против Белгија, но сега блесна со најубавиот гол во квалификациите вечерва.

Русија во финишот на мечот води со 2:1 против Словенија на гостински терен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести