Чекаше и дочека, стигна првата реакција на Хари Кејн после првата титула во кариерата (Фото)

Англискиот голгетер Хари Кејн е најсреќниот човек на светот денеска, бидејќи разби еден малер поради кој многумина се шегуваа на негова сметка.

Кејн кој има 31 година, е еден од најдобрите напаѓачи на светот во последната деценија, но трофеите како да бегаа од него, никако не успеваше да освои нешто со клубовите и репрезентацијата.

Конечно, после дури 728 одиграни средби и многу постигнати голови, Кејн почувствува како е да се биде шампион. Неговиот Баерн Минхен ја обезбеди титулата во Бундеслигата. Кејн се огласи преку социјалните мрежи, објавувајќи пехар.

Се појави и фотографија на која се гледа како сонародниците од Баерн, Ерик Даер и Кејн си ја честитаат титулата веднаш по завршувањето на мечот Фрајбург – Баер Леверкузен после кој стана јасно дека Баварците го обезбедија првото место.

Се пееше и „We are the champions“ (Ние сме шампиони):

- Оглас -

Најнови вести