Чекор назад во битката за плејофот, Црвено-белите загубија од најслабиот тим во Евролигата  

Кошаркарите на Црвена ѕвезда направија голем чекор наназад во битката за пласман во плејофот во Евролигата откако вечерва загубија на гостувањето во Берлин.
Најслабиот тим во Евролигата, Алба Берлин, дојде до петтата победа сезонава откако славеше со 89:80.

Првата четвртина ја доби германскиот тим со 18:16, но затоа втората ја доби со убедливи 33:20 и на одмор замина со предност од 15 поени (51:36). И во третата четвртина Алба беше подобра (21:18), но Црвено-белите не се предадоа, и по поените од слободни фрлања на Јаго дос Сантос на 74 секунди дојдоа до минус пет (85:80).  Но, со четири слободни фрлања по ред на Браун и Хермансон, Алба дојде до победа од 89:80.

Томас со 19 поени беше најпрецизен кај Алба, додека Бразилецот Дос Сантос беше најдобар кај Црвена ѕвезда со 20 постигнати поени.

Фенербахче продолжува со одличните игри по доаѓањето на Шарунас Јасикевичиус за тренер остварувајќи ја осмата победа во десеттиот меч со Литванецот на клупата. Последна жртва е Виртус Болоња, кој е совладан со 88:75, и тоа благодарение на третата четвртина, во која италијанскиот тим го оставија само на девет постигнати поени. Мотли со 23 поени и 11 скока ја предводеше листата на стрелци кај Фенербахче, додека Линдберг беше најпрецизен кај Виртус со 17 поени.

Макаби Тел Авив со убедливи 90:75 го победи Панатинаикос. Чекор назад во битката за плејофот направи и Баерн Минхен, кој загуби пред своите гледачи од Асвел со 64:76, додека Реал Мадрид го доби дерби-дуелот со Олимпијакос со 90:85.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести