Челзи го мерка напаѓачот на Барселона

Челзи сака да доведе уште еден напаѓач, па според последните најави, можно е да се случи Пјер-Емерик Обамајанг повторно да се врати во Премиер лигата. Искусниот 33-годишен Обамејанг е член на Барселона, во чиј дрес минатата сезона одигра 23 меча и постигна 13 погодоци.
Пред да дојде во Барселона, Обамејанг дури четири сезони играше за Арсенал, каде што имаше блескави моменти и во 163 натпревари постигна 92 погодока. Обамејанг претходно беше одличен и во дресот на Борусија Дортмунд, каде што во 213 средби постигна 141 погодок.

Едноставно, Обамејанг е докажан голгетер и секако дека ако успее да го доведе на „Стемфорд бриџ“, Челзи ќе има едно големо засилување.

- Оглас -

Најнови вести