Челичниот човек сруши светски рекорд откако 106 дена по ред ја поминуваше екстра тешката трка

Германецот Јонас Дихман е познат како љубител на екстремните спортови, а триатлонот му е омилен. Познат е како рекордер на неколку неверојатни потфати, а сега во сопственост има уште еден светски рекорд. Во петокот, Јонас успеа да го одработи и 106-тиот Ironman триатлон во исто толку денови.

Триатлонот наречен Челичен човек е дисциплина која вклучува 3,8 километри пливање, 180 километри возење велосипед и 42 километри трчање, а Дихман ова го прави секој ден почнувајќи од 9 мај. Неговата цел е да успее 120 пати по ред да го повтори овој подвиг што значи дека му останува до 5 септември да го комплетира подвигот.

„Поставив нов светски рекорд и тоа е прекрасно. Ова е мојот живот. Осум, девет месеци немав време за ништо друго. Многу е јако затоа што успеав“, задоволно рече Дихман.

Ако успее да ја комплетира мисијата, германскиот триатлонец на 5 септември ќе комплетира препливани 456 километри, извозени 21.600 километри со велосипед и истрчани точно 5.040 километри.

Зад себе Германецот има реализирани потфати како што се возење велосипед од Португалија до Владивосток во Русија, потоа од Алјаска до југот на Аргентина, како и возење велосипед од Норвешка до Кејп Таун во Јужна Африка.

- Оглас -

Најнови вести