21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

„Челичниот човек“ во текот на целата НБА кариера немал секс со ниту една девојка – ги бркал со молитва

Еј Си Грин е поранешен НБА кошаркар кој цели 16 години играше во најсилната лига во светот. Грин го доби прекарот „Челичен човек“ затоа што успеа да постави рекорд откако играше на 1.192 меча по ред. Грин во кариерата има играно за Лос Анџелес лејкерс, Феникс санс и Мајами хит, а три пати бил шампион. Со Лејкерс беа на тронот во НБА во 1987,1988 и 2000 година.

Освен по својата издржливост, Грин беше познат и по својата религиозност. Додека неговите соиграчи, често знаеја да излезат во диско, да се забавуваат и да бидат и со по неколку девојки во една вечер, Грин имаше други планови. Религиозните убедувања на Грин беа дека тој не треба да има секс пред да стапи во брак.

Во текот на целата кариера Грин ниту еднаш немал секс, иако често бил на разни искушенија. Соиграчите дури и му праќале девојки во неговата соба, но Грин „се бранел“ така што гласно кажувал молитви, па девојките се откажувале од идејата да бидат заедно со кошаркарот.

Дури откако ја заврши кариерата во 2001 година, Грин се ожени со Вероника со која и сега е во брак.

- Оглас -

Најнови вести