По 15 години пауза, Мајк Тајсон ноќеска (02:30 часот) ќе влезе во ринг и ќе се бори против Рој Џоунс џуниор во ревилајниот спектакл кој ќе се одржи во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес.
Бокс мечот меѓу Челичниот Мајк и Кептен Хук најмногу ќе трае до осум рунди од по две минути, а во пресрет на борбата двајцата искусни боксери веќе беа на мерење.
Тајсон (54 години) тежи 99,7 килограми, Џоунс (51 година) е нешто полесен со 95,3 колограми, а според коефициентите во Sport Life, повеќе шанси за победа му се даваат на Мајк.
Порашениот светски првак во тешка категорија последен пат во рингот се појави во јуни 2005 година кога по седум рунди славеше против Кевин Мекбрајд. Џоунс последно се бореше во 2018 година, а кариерата ја заврши со 66 победи и 9 порази, од кои 47 се со нокаут.
Челичниот Мајк има 50 победи од кои 44 се со нокаут, додека претрпел 6 порази во блескавата кариера.