Челниците ја Милан ја признаа грешката и ќе го направат Леао најдоброплатен фудбалер во тимот

Португалскиот репрезентативец, Рафаел Леао (23) е многу блиску до потпишување на нов договор со Милан со кој ќе стане најдоброплатен играч во тимот, објави добро информираниот италијански новинар Николо Скира.

Леао беше најдобар фудбалер на Милан минатата сезона кога Росонерите ја освоија шампионската титула, по што започнаа преговори за нов договор, но двете страни никако не можеа да најдат заеднички јазик. Леао бараше годишна плата од 7,5 милиони евра, додека понудата на Милан изнесуваше 6 милиони.

Одличните игри во четвртфиналните пресметки со Наполи, кога Леоа беше асистент на двата гола со кои Милан се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, ги натера челниците на Милан да се вратат на преговарачка маса и да му ја исполнат желбата на Леао.

Според новинарот Скира, Леао со новиот договор ќе заработува седум милиони евра годишно, а ќе добие бонус од два милиони евра само за потпис на четиригодишниот договор.
Со новиот договор, Леао заедно со Бенасер ќе стане најдоброплатен фудбалер на Милан.

Португалецот кариерата ја започна во Спортинг, по што во 2018 година се пресели во Лил како слободен играч. Една година подоцна, во трансфер тежок 30 милиони евра, се сели во Милан. Сезонава постигна 11 и имаше 12 асистенции на 40 натпревари досега, а во дресот на Милан има вкупно 155 на кои постигна 33 гола и има 38 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести