Челниците на ФФМ на состанок на фудбалските асоцијации од Југоисточна Европа во Сараево

Претседателот нна Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ заедно со Генералниот секретар Дрилон Ганиу се во официјална посета на Сараево, каде што се одржува состанокот на фудбалските асоцијации од Југоисточна Европа.

На состанокот, освен претставниците на сите Фудбалски сојузи од регионот, присуствуваат и првите луѓе на УЕФА, Александер Чеферин, како и директорот на Национални асоцијации во европската организација, Зоран Лаковиќ.

Првите луѓе во макфудбалот во рамките на состанокот одржаа средба и со Чеферин и со Лаковиќ, на која е разговарано за повеќе теми коишто се актуелни во моментов од фудбалски аспект, како за регионот така и за пошироко на Стариот Континент.

- Оглас -

Најнови вести