31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Челниците на РФМ на средба со Видерер во Виена

Претседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Михаел Видерер, и генералниот секретар Мартин Хауслајтнер остварија официјална средба со делегацијата на Ракометната федерација на Македонија, предводена од новиот претседател Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски.

На средбата се разговараше за долгорочниот развој на ракометот во нашата земја, унапредувањето на младинските програми, промоцијата на женскиот ракомет и дополнителната поддршка за домашните клубови. Исто така, беа разгледани и можностите за заеднички активности во рамките на претстојниот Конгрес на ЕХФ што ќе се одржи во септември.

Во знак на благодарност за континуираната поддршка што ЕХФ ја пружа за македонскиот ракомет, претседателот Видерер доби Сертификат за благодарност од РФМ.

Од Европската федерација беше истакнато дека Македонија отсекогаш имала значајна улога во европското ракометно семејство, со навивачи и клубови кои оставиле силен белег на меѓународната сцена. Средбата уште еднаш ја потврди заедничката визија македонскиот ракомет да остане конкурентен и препознатлив на највисоко европско ниво.

- Оглас -

Најнови вести