Раководните луѓе на Ракометната федерација на Македонија беа во посета на Интернационалната ракометна федерација, во седиштето на ИХФ во швајцарскиот град Базел.
„На средбата се дискутираше за продлабочување на идната соработка помеѓу двете федерации, со фокус на развојот и промоцијата на ракометот во Македонија. Поднесени се апликации за организација на идни светски првенства, претставени се нови проекти за развој на млади категории и едукација, потенцирана е важноста на поддршката од ИХФ за идните активности на РФМ. Оваа посета претставува уште еден значаен чекор во амбициите на РФМ за унапредување на македонскиот ракомет на меѓународната сцена“, објавија од нашата федерација.
Притоа, првиот човек на ИХФ, Хасан Мустрафа, доби подарок дрес од македонската репрезентација.