Челниците на Сити решија дека веќе не им треба омилениот играч на Пеп Гвардиола

Манчестер сити синоќа со 3:1 го победи Њукасл на гостински терен и се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот. граѓаните играа во комбиниран состав, но успеаа да најдат добитна комбинација, иако губеа со 1:0 по неполни 20 минути од мечот.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола беше задоволен од победата, а посебно ги пофали фудбалерите кои беа на теренот, потенцирајќи дека откако тој е тренер на тимот, а тоа се веќе осум години, Манчестер сити го одиграл најдобриот меч кога гостувал на Њукасл на „Сент Џејмс парк“.

Пласманот во четвртфиналето на ФА Купот се добри вести за Пеп, но англиските медиуми шпекулираат дека граѓаните во следната сезона ќе останат без еден од своите најдобри фудбалери. Португалецот Бернардо Силва е еден од најдобрите во составот на Гвардиола и „мозокот“ на теренот преку кој мора да поминат речиси сите акции. Сепак, договорот на Силва со Сити завршува на крајот од оваа сезона, а се поизвесно е дека челниците на Граѓаните нема да му ја продолжат соработката и тој ќе може да си замине како слободен играч.

Бернардо Силва во Сити дојде во 2017 година и ја игра деветата сезона. Тој е еден од малкумината фудбалери кои се незаменливи во составот на Гвардола, но се поверојатно е дека од следната сезона, искусниот Португалец нема да биде во дресот на англискиот Премиерлигаш.

Првичните шпекулации се дека Силва ќе се врати во Португалија и тоа во тимот на Бенфика од Лисабон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести