28.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Челси со „покер“ го елиминираше тимот од втора лига

Челзи не дозволи никакво изненадување и со сигурни 4:0 го победи Престон за пласман во 16-финалето на англискиот ФА Куп. Престон кој е на средината од табелата во Чемпионшип успеа едно полувреме да парира на фаворитот на „Стемфорд бриџ“. Сепак, во второто полувреме Челзи го скрши отпорот на ривалот и со погодоците на Броха, Силва, Стерлинг и Фернандес стигна до убедлив триумф.

Астон вила се намачи на гостувањето кај Мидлсбро, но на крајот победи и тоа минимално со 1:0 што беше доволно за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Мет Кеш го постигна одлучувачкиот гол во 87 минута.

Шефилд јунајтед победи со 4:0, а Свонси со 2:0 беше подобар од Морекамб. Њукасл го доби локалното дерби и по пауза од 10 меча славеше над големиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести