Челзи со германски напад по трофејот во ЛШ, Гундоган стисна заби и ќе игра за Манчестер сити

Илкај Гундоган ќе игра од почеток во финалето на Лигата на шампионите, иако неговиот настап за Манчестер сити беше неизвесен поради повреда, што е знак на охрабрување за Граѓаните во обидот конечно да ја освојат титулата европски првак.

На спротивната страна нападот на Челзи од 21 часот на „Драгао“ во Порто ќе го предводат германските репрезентативци Тимо Вернер и Каи Хаверц,што значи дека Томас Тухел се одлучи за поофанзивна варијанта од најаванета.

Состави:

Манчестер сити: Едерсон, Вокер, Дијаш, Стоунс, Зинченко, Гундоган, Бернардо Силва, Фоден, Марез, Стерлинг, Де Бројне.

Челзи: Менди, Џејмс, Тијаго Силва, Рудигер, Аспиликуета, Чилвел, Жоржињо, Канте, Хаверц, Маунт, Вернер.

 

- Оглас -

Најнови вести