Челзи лесно ја прекина незгодната серија од пет меча без победа во Премиер лигата и во првиот меч по Мундијалот во Катар го надигра Борнмут и славеше со 2:0.
Сините од „Стемфорд бриџ“ решија сè само за 8 минути во првото полувреме, а блескаше Кај Хаверц со гол и асистенција.
https://twitter.com/LDNFootbalI/status/1607798683650908160?s=20&t=EKHA1khIcp87gnqXicwyDA
Најпрво во 16-тата минута германскиот репрезентативец сигурно погоди за 1:0, што му е четврти гол сезонава во Премиер лигата.
Само осум минути подоцна, стрелец беше и Мејсон Маунт на додавање на Хаверц, а тој гол можете да го погледнете ОВДЕ.
Сè потоа беше рутинска контрола на фаворитот до крајот на мечот, што означи и прекин на лошата серија од пет меча без победа.
Челзи се проби на осмото место со 24 бода на 15 меча, а Борнмут е на 14-тото место со 16 бода од 16 натпревари.