Челзи, Ајакс, ПАОК, Копенхаген и Брага ги имаат фаворитските улоги

6750 Јагелонија – Ајакс (20:45 ч.)

Јагелонија беше елиминирана од квалификациите во Лигата на шампионите откако двапати загуби од Бодо/Глимт и во тие 180 минути прими дури пет гола. Од друга страна, Ајакс во квалификациите за Лигата на Европа ја доби битката против Панатинаикос, тим кој реално е посилен од Јагелонија и холандскиот гигант сега е во улога на фаворит.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.86)

 

6745 ПАОК – Шемрок роверс (19:30 ч.)

ПАОК играше во квалификациите од Лигата на шампионите, но беше елиминиран од Малме, па сега продолжува во борба за место во Лигата на Европа. Шемрок едвај го помина Целје во претходната фаза, па ќе биде вистинско чудо тимот од Ирска да даде посериозен предизвик за грчкиот тим.

Тука може да се очекува ПАОК да забележи сигурна победа и да обезбеди мирен реванш, по кој ќе се пласира во групната фаза од Лигата на Европа.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.77)

 

6744 Брага – Рапид (21:30 ч.)

Брага е тим кој има квалитет и се бори со португалските гиганти во домашното првенство, па реално треба да се очекува да биде многу поблиску до место во групната фаза од Лигата на Европа, додека Рапид е тука да бара изненадување.

Рапид покажа дека има сили откако двапати славеше над Трабзон и го елиминира турскиот тим, па затоа најдобро е тука да се игра на голови бидејќи двата тима негуваат офанзивна игра.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.84)

 

6724 Челзи – Сервет (21 ч.)

Пред три години беа европски прваци, а сега Челзи се бори за влез во групната фаза во најслабото по ранг натпреварување на УЕФА, Конференциската лига. Разлика во класи е ако се мерат екипите на англискиот гигант и тој на Сервет.

Токму затоа Челзи уште на стартот треба да покаже моќ, сила и квалитет и на убедлив начин да го добие овој дуел.

Предлог тип:  2-3 I&4+ (2.55)

 

6708 Копенхаген – Килмарнок (19 ч.)

Копенхаген се намачи и дури на пенали избори место во оваа фаза, каде што ја имаат улогата на фаворити против Килмарнок. Последните пет меча кои Копенхаген ги играше завршуваат со не повеќе од два гола.

Килмарнок игра дефанзивно, шкотскиот тим е во улога на аутсајдер, но сепак сигурно нема предвреме да се предаде.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (2.22)

 

 

- Оглас -

Најнови вести