Челзи атакува на финалето на Светското клупско првенство

Европскиот првак Челзи денеска ја започнува мисијата за освојување и на планетарниот трон. Лондонскиот тим ќе игра во полуфиналето на Светското клупско првенство во Абу Даби, а противник им е шампионот на Азија, екипата на Ал-Хилал.

Ова е вторпат Челзи да биде дел од овој турнир на шампионите од сите континенти, а англискиот тим атакува на првиот пехар. Во 2012 година, во полуфиналето Челзи го победи Монтереј, но потоа во мечот за златото загуби од Коринтијанс со 1:0.

Доколку Челзи успее да го победи Ал-Хилал, во финалето повторно ќе го чека бразилски тим. Палмеирас си обезбеди место во финалето откако вчера со 2:0 го победи Ал-Ахли.

Ал-Хилал е најуспешниот азиски клуб со четири континентални титули, а во четвртфиналето беше убедлив против Ал-Џазира и славеше со 6:1. Некогашниот играч од Премиер лигата, Одион Игало е нивни главен адут во нападот, но најголем дел од тимот е составен од домашни играчи од Саудиска Арабија.

Челзи е голем фаворит, но Ал-Хилал сигурно нема лесно да се предаде, па можно е да има погодоци на двете страни.

- Оглас -

Најнови вести