Челзи бара 7 милиони фунти за капитенот, Барса е на потег

Челзи ќе и го продаде на Барселона капитенот Цезар Аспиликуета за 7 милиони фунти. Тоа е цената што англискиот премиерлигаш ја одреди за 32-годишниот бек, кој најверојатно ќе ја заврши 10-годишната авантура на „Стемфорд Бриџ“ со трансфер во Барселона.

Челзи има намера да и возврати на Барселона со трансфер, а Англичланите се заинтересирани за Френки Де Јонг.

Холандскиот репрезентативец долго време е на мета на Манчестер јунајтед, но изјави дека не сака да си оди од Барселона, клуб што го смета за најдобар на светот.

Проблемот е што Манчестер јунајтед не понуди доволно пари според барањата на Барса, а Челзи нема таков проблем со новиот сопственик Тод Боели, кој вети над 200 милиони фунти за летни засилувања, па можно е Де Јонг да слета во Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести